Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија го суспендираше купувањето на девизи

Руската централна банка го суспендираше купувањето на странски валути за да ја ублажи нестабилноста на финансиските пазари поради ослабената рубља и тензиите околу Украина.

Купувањето ќе биде суспендирано за да се ублажи „нестабилноста на финансиските пазари“ и ќе продолжи кога ќе дозволат пазарните услови, се вели во соопштението објавено во понеделникот.

Во позадина на тој потег е ослабената руска валута, која, меѓу другото, беше зафатена и од кризата на границата со Украина, објаснува агенцијата dpa. Западот ја обвинува Москва дека собира војници во пограничната област, а се тврди дека може да ја нападне Украина, што Москва го негира.

Рубљата во понеделникот падна на најниско ниво во повеќе од една година во однос на доларот.

Русија инаку редовно купува девизи за да ја направи својата финансиска позиција помалку зависна од флуктуациите на цената на нафтата, што е еден од нејзините главни извори на приход, потсетува ДПА.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!