Вие имате прво да ја знаете вистината

СВЕТОТ МИРИСА НА БАРУТ! Пентагон ја зголемува борбената готовност: Околу 8.500 војници во САД ја чекаат одлуката за префрлање во Европа!

САД ја зголемија борбената готовност на војниците во земјата и во странство поради ситуацијата околу Украина, изјави денеска портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

Тој прецизираше дека Пентагон доведе околу 8.500 војници во САД во состојба на зголемена подготвеност за трансфер во Европа поради кризната ситуација околу Украина, но додаде дека се уште не е донесена одлука за нивно испраќање, пренесе Спутник.

Кирби посочи дека одлуката за зголемување на подготвеноста е донесена и за единиците стационирани надвор од САД и прецизираше дека силите кои се веќе стационирани во Западна Европа би можеле да се подготват за распоредување во други земји-членки на НАТО во Источна Европа и балтичките земји.

Делот од американската армија, кој се подготвува да биде испратен во Европа, треба да биде подготвен за прераспоредување во рок од пет дена, нагласи Кирби.

Воената команда одлучи да ја зголеми својата подготвеност за војниците, доколку е потребно, брзо да се префрлат во Европа, рече Кирби и објасни дека испраќањето сили во Европа ќе биде можно по барање на НАТО, или во други ситуации.

Повеќето сили би биле потенцијални сили за одговор на НАТО, рече Кирби, додавајќи дека тоа се борбени единици, воени лекари и транспортни единици.

Кирби рече и дека САД не донеле одлука за повлекување на воените инструктори од Украина.

Одлуката за преместување на нашите инструктори кои се во Украина не е донесена, но како што многупати кажав, ние постојано ја следиме ситуацијата и подготвени сме да направиме се што е потребно за нивната безбедност, рече Кирби.

Според него, Пентагон смета дека Русија нема намера да ги намали тензиите околу Украина.

Многу внимателно ја следиме ситуацијата, но сосема е јасно дека Русија во моментов нема намера да деескалира, напротив, концентрираат дополнителни сили, рече Кирби на брифингот.

Портпаролот на Пентагон објасни дека подготовките за испраќање американски сили во Европа во случај на ескалација на ситуацијата во Украина ќе испратат сигнал за единство на НАТО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!