Вие имате прво да ја знаете вистината

Тензично во Азија, Тајван ги подигна борбените авиони: Узбуна поради прелетувањето на 39 борбени ловци на Кина (ВИДЕО)

Тајванската војска ги подигна своите борбени авиони и ги подготви одбранбените системи откако авионите на кинеското воздухопловство влегоа во нејзината зона за воздушна одбрана.

Тајванското Министерство за одбрана тврди дека дури 39 кинески авиони влегле во зоната, поради што владата ги активирала своите воени ресурси за да ги следи нивните активности.

Летот на кинеските авиони се случи истиот ден кога група американски и сојузнички бродови впловија во Филипинското Море. Ова е најголемото прелетување на кинески авиони од октомври, кога во неколку наврати во еден ден беа забележани вкупно 56 недалеку од Тајван. Кинески авиони летаа во близина на Тајван во последните години, испраќајќи сигнали до Тајпеј дека Кина не ја признава независноста на островот и затоа не ја почитува зоната за воздушна одбрана на Тајван.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!