Вие имате прво да ја знаете вистината

Украина трупа војници во зоната на исклучување: „Не знаеме што ќе не убие прво – вирус, радијација или војна“

Украина испрати војници за да ја обезбеди зоната на Чернобил од можен упад на руските војници. Имено, се верува дека ова високо радиоактивно подрачје е потенцијална влезна точка за агресорите од Кремљ, под претпоставка дека еден од краците на воената интервенција ќе оди преку Белорусија. Потсетуваме дека Русија и Белорусија во моментов одржуваат воени вежби, од кои стравува Киев.

И покрај тоа што местото во северна Украина се уште е радиоактивно и нема жители, се верува дека зоната на исклучување на Чернобил е во опасност и дека Русите ќе се обидат да ја освојат во случај на инвазија. Имено, најкраткиот пат до Киев ја води војската низ таа зона, пишува The New York Times.

За да се подготват за потенцијален руски упад во зоната на исклучување, која беше воспоставена по експлозијата на реакторот во 1986 година, украинските војници моментално патролираат по околните шуми и напуштените улици на Чернобил, опремени со калашникови и опрема за детекција на радијација.

Потполковник Јуриј Шакрајчук од украинската гранична служба вели: „Не е важно што оваа територија е контаминирана или дека никој не живее овде. Тоа е наша територија, наша држава и ние мора да ја браниме“.

Украинските сили кои патролираат во областа мора да носат специјални уреди за проверка на радијацијата околу нивните вратови, а според протоколот, тие мора веднаш да ја напуштат задачата во случај да залутаат во високо озрачената област.

Но, ниту еден од војниците досега не бил изложен на високи дози на радијација, рече полковникот Сакрајчук.

Мисијата на ограничен број војници во областа не е да ја одбие руската инвазија, туку да регистрира предупредувачки знаци.

Полковникот Шакрајчук вели: „Собираме информации за ситуацијата долж границата“.

Дополнителни украински војници беа префрлени во исклучената зона во Чернобил пред два месеци, откако руските војници беа префрлени во Белорусија, чија граница е на околу седум километри од уништениот реактор.

Знаците на руско непријателство предизвикаа многу емотивни реакции кај оние кои се сеќаваат на заедничкиот одговор инициран од руските и украинските работници во 1986 година.

Иван Ковалчук, украински пожарникар кој го гаснел пожарот во електраната по катастрофата, рече: „Како е тоа можно? Па, заедно работевме да ја елиминираме несреќата. Жал ми е за луѓето во Украина“, вели тој.

Зоната на Чернобил, која зафаќа околу 1.300 квадратни километри, е најкратката рута од белоруската граница до Киев.

Сепак, поради мочурливото земјиште и густите шуми, Кремљ може да ја сфати оваа рута како неповолна, иако е воздушно пократка.

Во Чернобил сè уште живеат работници кои ротираат во областа и одржуваат безбедносни уреди како што е заштитната структура што го опкружува реакторот.

Еден од работниците, Олексиј Пришепа, изјави за Њујорк Тајмс: „Не знаеме што ќе не убие прво, вирус, радијација или војна“.

Во исто време, Пришепа рече дека е рамнодушен кон евентуалното губење на таа контаминирана земја: „Тоа е пустош. Ниту една култура никогаш нема да расте овде.’

Зоната на исклучување досега главно не беше чувана, сè додека серија настани во регионот не ја принудија Украина да групира војници таму – прво, трупањето руски војници, а потоа мигрантската криза во Белорусија во ноември, која се закануваше да се прелее и во Украина и да предизвика немири.

Украина тогаш одговори со испраќање на 7.500 дополнителни чувари на границата со Белорусија.

Заеднички воени вежби меѓу Русија и Белорусија се планирани за февруари, што и дава причина на Москва да испрати повеќе војници и опрема на сојузникот на Кремљ и го зголемува веќе присутниот страв од инвазија на Украина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!