Вие имате прво да ја знаете вистината

„Фајзер“ започна клинички испитувања на вакцината против „омикрон“: „Свесни сме дека постоечката вакцина слабее“

Pfizer и BioNTech објавија дека започнале со клинички испитувања на новата верзија на нивната вакцина насочена кон омикронската варијанта на коронавирусот, која делумно ја избегнува заштитата обезбедена од оригиналната верзија на нивната вакцина mRNA вакцина.

Компаниите планираат да го тестираат имунолошкиот одговор на оваа вакцина во три дози кај невакцинираните и како бустер дози за луѓето кои примиле две дози од нивната оригинална вакцина.

Тие, исто така, ја тестираат четвртата доза од нивната постоечка вакцина и четвртата доза омикрон вакцина кај луѓе кои ја примиле третата доза од нивната вакцина пред три до шест месеци.

Во истражувањето ќе учествуваат повеќе од 1.400 луѓе.

„Иако тековните истражувања и податоците од практиката покажуваат дека бустер дозите сè уште обезбедуваат високо ниво на заштита од тешко заболување и хоспитализација, поради омикрон ние сме свесни за потребата да бидеме подготвени доколку оваа заштита ослабне со текот на времето и да помогнеме во борбата против омикронот и новите варијанти во иднина“, се вели во соопштението на директорката за истражување и развој на вакцини на Pfizer, Катрин Јансен.

Фајзер рече дека можеби вакцинацијата со две дози од нивната оригинална вакцина не е доволна за заштита од инфекција со омикрон и дека заштитата од хоспитализација и смрт слабее.

Но, американскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека третата доза на вакцината mRNA како онаа на Фајзер обезбедува 90 проценти заштита од хоспитализација за ковид-19.

Некои земји веќе почнаа да нудат дополнителни бустер дози, а една неодамнешна студија од Израел покажа дека четвртата доза на mRNA вакцина го зголемува бројот на антитела, но не доволно за да се спречи инфекција со омикрон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!