Вие имате прво да ја знаете вистината

Американското оружје почна да пристигнува во Украина: „Со помош на нашите партнери сме помоќни од Русија!“

Акумулацијата на руски воени сили долж границата со Украина ги поттикна земјите од НАТО на низа реакции. Застрашувачката ситуација за Украинците трае веќе неколку месеци, поради што американскиот претседател Џо Бајден во декември минатата година одобри пакет воена помош за Украина од 200 милиони долари.

Пратките почнаа да слетуваат во Украина во саботата, а тоа е главно муниција за првата линија на одбрана. Иако официјална Москва во неколку наврати ја негираше желбата за напад или инвазија на Украина, силите на НАТО на чело со САД сакаат да ги преземат сите активности и мерки за тоа навистина да не се случи.

Сепак, воената интервенција во која би учествувале американски војници на украинска територија е малку веројатна, како што постојано тврди Белата куќа. „Американскиот претседател нема интерес, намера или желба да испрати воени трупи во Украина“, изјави претседателската портпаролка Џен Псаки.

Но, во случај на потреба од одговор на НАТО, Пентагон потврди дека околу 8.500 војници се подготвени да заминат во Европа.

Покрај Американците, кои заедно со Британците и Канаѓаните се подготвени за „невидени санкции кон Русија со вонредни последици“, Данска испраќа борбени авиони Ф-16 во Литванија, Шпанците испраќаат четири борбени авиони во Бугарија и подготвуваат три брода да им се придружат на силите на НАТО на Црното Море. Доколку се појави потреба, француската армија ќе испрати воени трупи во Романија, пишува ТРТ.

Украинскиот секретар за одбрана, Ростислав Землински, се заблагодари за американската воена помош. „Нашиот непријател е моќен, но со нашите партнери и народот на Украина, ние сме помоќни“, рече министерот.

Привремената американска амбасадорка во Украина, Кристина Квиен, рече дека „САД ќе обезбедат помош и поддршка во обезбедувањето на правото на Украина на самоодбрана“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!