Вие имате прво да ја знаете вистината

КИНА ИСПРАТИ 39 АВИОНИ, ТАЈВАН СЕ ПЛАШИ ОД ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА! Што ќе прават Американците, имаат обврска да го бранат островот?! (видео)

Тајван известува за најголемиот налет на кинески авиони во зоната за воздушна одбрана на островот од октомври, а Министерството за одбрана на Тајпеј соопшти дека тајванските ловци предупредиле 39 кинески авиони да заминат.

Тајван повеќе од една година се жали на чести упади од кинески авиони во воздушниот простор на островот, најчесто на островите Пратас, објави Ројтерс.

Тајван ги нарекува кинеските воени активности „сива зона“ на војување, дизајнирана да ги исцрпи тајванските сили со постојано предизвикување, и на тој начин го тестира одговорот на Тајпеј.

Да потсетиме, Тајван се смета себеси за суверена држава, додека Пекинг го гледа Тајван како отцепена провинција – Тајван се одвои од копнена Кина во 1949 година, кога комунистите ја презедоа власта.

Кина претходно го предупреди Тајван дека нивните напори да станат независна држава „ќе значат војна”. Статусот на Тајван е црвена линија за Пекинг бидејќи го смета за свое „внатрешно прашање” – како и Хонг Конг.

Тензиите се зголемија во последните години, а Пекинг не ја исклучува можноста за употреба на сила за да го врати островот под своја закрила.

Од друга страна, Америка има Закон за односи со Тајван, кој гарантира поддршка за островот. Што е најважно, актот наведува дека САД мора да му помогнат на Тајван да се одбрани – поради што Вашингтон продолжува да му продава оружје на Тајван.

Не треба да заборавиме дека Москва силно го поддржува Пекинг и дека двете земји се во цврсти сојузништво. Мешањето на Америка во „тајванскиот проблем“ може да предизвика брутална војна …

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!