Вие имате прво да ја знаете вистината

Надал го “туркаат” во финалето на АО, новинарката на ЕСПН со бројки ја објасни “целата игра”!?

Рафаел Надал по голема борба и неколку контроверзни судиски одлуки, кои ги истакна неговиот ривал Денис Шаповалов, се пласираше во полуфиналето на Австралија опен и сега е на само два чекора до освојување на рекордниот 21. Грен слем трофеј.

Во полуфиналето ќе се соочи со Матео Беретни, кој денеска против Гаел Монфис одигра и пет сета.

Очигледно Надал и Беретини ќе играат во текот на денот, што е сосема погодно за Шпанецот, бидејќи поради помалата влажност топката може повеќе да отскокнува.

Колку вечерните термини не му одговараат, најдобро покажува прегледот на поразите на Надал во Мелбурн во претходните пет години. Тој беше елиминиран сите пет пати на натпреварите кои се одиграа во вечерните термини, што на Твитер го истакна новинарката на ЕСПН, Крис МекКендри.

Сепак, доколку Надал се пласира во финалето, нема да може да смета да го игра мечот во дневниот термин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!