Вие имате прво да ја знаете вистината

Пекинг е подготвен за почетокот на Олимписките игри, се очекува спектакуларно светлосно шоу

Површината од околу двесте квадратни километри, која беше затворена во своевиден карантин поради пандемијата на почетокот на јануари, од воздух изгледа целосно подготвена за почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Местата каде што ќе се одржуваат натпреварите изгледаат највпечатливо од воздух, особено ноќе.

Повеќето згради се украсени со светлосни инсталации, способни за импресивно светлосно шоу.

Некои од објектите се изградени за потребите на Олимписките игри во 2008 година, како што се стадионот „Птичјо гнездо“ и салата „Коцка мраз“.

За да се спречи ширење на заразата поради игрите, се спроведуваат најстроги мерки за тестирање за сите ангажирани во игрите со дополнителни мерки за заштита.

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари годинава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!