Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Авганистан е вистински хорор, состојбата излезе надвор од контрола, екстремна глад тропа на вратата на милиони луѓе

Мораме да ги суспендираме правилата и условите што ја ограничуваат не само економијата на Авганистан, туку и нашите операции за спасување животи. Во овој момент, најголемата потреба од овие правила мора сериозно да се преиспита – нагласи Гутереш, пренесува Ројтерс.

Авганистан е во тешка ситуација со милиони луѓе кои страдаат од екстремен глад, образовните и социјалните услуги се на работ на колапс, а недостатокот на ликвидност ги ограничува шансите помошта да се дојде до луѓето на кои им е потребна, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на Советот за безбедност.

Тој го повтори својот повик до земјите-членки да издаваат општи дозволи кои ќе овозможат трансакции неопходни за сите хуманитарни активности.

Мораме да им дадеме правна гаранција на финансиските институции и комерцијалните партнери дека можат да работат со хуманитарните оператори без страв дека ќе ги прекршат санкциите – рече Гутереш.

Околу 9,5 милијарди долари од резервите на централната банка на Авганистан остануваат блокирани надвор од земјата, а меѓународната поддршка за претходната влада пресуши откако Талибанците ја презедоа власта во август минатата година.

Во декември, донаторите на замрзнатиот Фонд за обнова на Авганистан, управуван од Светска банка, се согласија да префрлат 280 милиони американски долари на Светската програма за храна (WFP) и на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) за нивните активности во Авганистан.

Треба итно да ги ослободиме преостанатите 1,2 милијарди долари, за да им помогнеме на народот во Авганистан да ја преживее зимата. Времето овде е суштинско – рече Гутереш.

Претходно овој месец, Обединетите нации повикаа на 4,4 милијарди долари хуманитарна помош за Авганистан во 2022 година, а денес соопштија дека им се потребни дополнителни 3,6 милијарди долари за здравство и образование, основна инфраструктура и средства за живот и програма за социјална кохезија, според Ројтерс. .

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!