Вие имате прво да ја знаете вистината

Граѓаните низ Перу ја донираат својата коса, причината е прилично необична

Во фризерските салони низ Перу, но и во импровизирани салони на отворено, граѓаните можат бесплатно да се шишаат. Салоните се одлучија на ова откако научниците потсетија дека косата може да се користи за поправка на дамки од нафта.

По ерупцијата на вулкан во Тонга, кој предизвика големи бранови, дошло до излевање на нафта од танкер на шпанската рафинерија Репсол.

Станува збор за околу шест илјади барели, кои покриваат околу седумстотини хектари вода и 180 хектари крајбрежје. Понатамошните летови за надзор и истражување открија дополнителна нафтена дамка оваа недела. Откриена е на терминалот на рафинеријата Ла Пампила, во сопственост на истата нафтена компанија.

Од средината на месецот трае санирањето на нафтените дамки, а работниците се надеваат дека ќе им помогнат големи количества коса донирана за нив. Еден килограм коса во оптимални услови може да апсорбира до осум литри нафта.

Покрај сопствената коса, жителите за шишање донеле и домашни миленици, чија коса ќе ја користат и за поправање на нафтените дамки.

Перуанските власти прогласија вонредна состојба од 90 дена поради еколошка катастрофа, која ја нарекуваат „најлошата во поновата историја“.

Владата планира да воведе санкции за шпанската компанија бидејќи тие не реагирале во првите 48 часа од излевањето. Од рафинеријата, пак, велат дека надлежните не ги алармирале за високите бранови.

Нафтата досега е забележана на 21 плажа, а откриени се и мртви пингвини, фоки, како и бројни видови птици и риби.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!