Вие имате прво да ја знаете вистината

Илон Маск: Недостигот на чипови е ист со недостигот на тоалетна хартија, тоа е од паника

Извршниот директор на Tesla и SpaceX, мултимилијардерот Илон Маск, им рекол на инвеститорите дека ги носел своите деца во продавница за време на пандемијата за „со свои очи да посведочи на недостигот на тоалетна хартија“, пишува Business Insider.

Маск им го откри ова за време на презентацијата за заработката на Tesla во четвртиот квартал од 2021 година, кога зборуваше за проблемот со недостигот на чипови.

– Има сличност меѓу недостигот на тоалетна хартија и сегашниот недостиг на чипови. Немаше ненадејна зголемена потреба за бришење на задникот. Луѓето едноставно се испаничија и го купуваа секој производ од хартија што може да им го избрише задникот“, рече Маск.

Потоа на инвеститорите им рекол дека недостигот на тоалетна хартија толку многу го заинтригирал што отишол сам да види дали воопшто е вистинска.

– Не бев сигурен дали е навистина реално или не… Решив да ги однесам моите деца во H-E-B и Walmart во Тексас само за да проверам дали недостатокот е реален. Тоа навистина беше така. Имаше и храна и се останато, но немаше тоалетна хартија – рече тој.

Маск додаде дека тоалетната хартија е „чуден избор“ поради кој луѓето паничеле.

„Ако навистина доаѓа крајот на светот, мислам дека тоалетната хартија е еден од помалите проблеми“, заклучил тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!