Вие имате прво да ја знаете вистината

ИТАЛИЈАНСКИОТ ТУТОСПОРТ со ексклузива на насловната страна: Душан Влаховиќ е новиот Кристијано Роналдо! Ова е причината (ФОТО)

Италијанските медиуми со денови пишуваат за српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.

Италијански Тутоспорт денеска на насловната страница објави фотографија на која се ставени еден до друг српскиот голгетер и еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо .

Со наслов-Влаховиќ е новиот Кристијано Роналдо.

Во текстот се наведува дека пред три години Андреа Ањели им рекол на акционерите: Мораме да најдеме нов Кристијано Роналдо за следните 20 години. Иако се уште не се знае дали Душан Влаховиќ ќе го достигне нивото на ЦР7, нема дилема дека моментално е еден од најсилните напаѓачи во светот до 23 години.

Наскоро ќе се исполни желбата на претседателот и тоа не е случајно, пишува во текстот на Тутоспорт.

Понатаму се наведува дека Јувентус направил голема жртва од економски аспект, можеби и поголема од онаа за Роналдо во 2017 година.

Во текстот се појаснува и дека бројот седум на дресот е подготвен за Душан Влаховиќ, што значи дека ќе го наследи Роналдо, со можност да ја добие деветката доколку Алваро Мората го напушти клубот.

Во моментов се водат преговори со Барселона, па веројатно затоа се чека со преставувањето на Влаховиќ за да помине добро целата кампања.

Тутоспорт најавува и дека Јувентус зимава нема да застане само со српскиот напаѓач и дека во следните четири дена подготвува уште засилувања за да стигне до Лигата на шампионите.

Најверојатно ќе донесе ново име во средниот ред, а сега најгласно се споменува Наитан Нендез од Каљари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!