Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вчера изјави дека одамна ќе ја окупирал Украина да беше на местото на Путин и дека САД ја користат таа земја за поставување воена база на нејзина територија.
Ако има луѓе во Украина, тие мора да се спротивстават, а ако ги нема, тогаш Русија мора да преземе мерки. Ако Америка или некој мисли дека е можно да ја уништи Русија или да ја окупира и да ја клекне нашата земја на колена, тоа никогаш нема да се случи. Да бев претседател, одамна ќе ја окупирав Украина, ќе испратив војници таму, ќе воспоставев ред – рече Кадиров.