Вие имате прво да ја знаете вистината

Мега јахтата на поранешниот катарски премиер вплови во Дубровник, таа е меѓу топ 15 јахти во светот. Дали е тоа планот на Бајден, Катар да биде енергетска замена за Русија!?

По дводневното патување од грчкото пристаниште Зеа, луксузната мегајахта Ал Миркаб долга 133 метри и широка 19 метри застана во дубровничкото пристаниште Груж, пишува Дубровачки лист. Таа е една од 15-те најголеми луксузни јахти во светот во сопственост на поранешниот катарски премиер и министер за надворешни работи Хамад бин Џасим бин Џабер Ал Тани. Јахтата плови под знамето на Кајманските Острови, а има носивост од 1440 t DWT и бруто носивост од 9.518 GT.

Ал Миркаб е јахта изградена во 2008 година во германското бродоградилиште „Peters Schiffbau Wewelsfleth“ и дизајнирана од познатиот поморски архитект Тим ​​Хејвуд, додека дизајнот на ентериерот го потпишува не помалку познатиот Ендрју Винч. Токму овој ентериер е добитник на бројни награди и вклучува слики со арапски мотиви на беспрекорно полиран мермерен под. Овој луксузен брод со трупот зајакнат на места со специјален челик на отворено море постигнува завидна брзина од 23 јазли.

Според достапните податоци, нејзината моментална вредност е повеќе од 200 милиони американски долари, а не е тајна дека јахтата е вкотвена поголемиот дел од годината во грчкиот регион Фалиро, кој е дел од агломерацијата на грчката метропола Атина. Токму тука грчките археолози неодамна открија траги од првото пристаниште во Атина, пред поморскиот центар на градот да биде преместен во пристаништето Пиреја.

Според достапните податоци, Ал Миркаб името го должи на една од населбите во емиратот Катар има 10 суперлуксузни апартмани и два ВИП-апартмани за сопственикот на јахтата. Секој од огромните апартмани има своја дневна соба, двокреветна спална соба и луксузно опремена бања, а дизајниран е за вкупно 24 гости кои ги опслужуваат дури 55 членови на екипажот. Јахтата има кино сала, барови и џакузи на отворено, теретана, спа и велнес центар, внатрешен базен и хеликоптерска платформа и лифт. 

Инаку, Американците разговараат со извозниците на течен природен гас (ЛНГ), а пред се со Катар како најголем меѓу нив, за мерките во случај на руска инвазија на Украина „бидејќи тоа би можело да и донесе големи проблеми на Европа, која е зависна од рускиот гас“. Американскиот претседател се очекува овој месец во Вашингтон лично да се сретне со емирот на Катар, а европските земји и Обединетото Кралство, според Фајненшл тајмс, веќе водат прелиминарни разговори со Катар за долгорочни решенија за снабдување со течен гас. Инаку, моментално најголемиот дел од извозот на Катар е насочен кон Азија бидејќи тамошните клиенти имаат потпишано долгорочни договори со тој емират.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!