Вие имате прво да ја знаете вистината

Најпознатиот американски гангстер Ал Капоне бил Хрват: Во неговата вила во Риека летувале шефот на УДБА Ранковиќ и цела хрватска политичка елита!?

Соочени со последниот попис, на Хрватите не им преостанува ништо друго освен да посегнат по утехата на славното минато и раселените луѓе ширум светот.

Некои од нив имаат остварено шампионски кариери во различни активности, некои во собирање средства, а некои, во криминални вештини со кои не можат да се пофалат ниту многумина кои останале да живеат во татковината, пишува Слободна Далмација и додава:

За повеќето денес, сосема непознато и крајно фантазмагорично звучи фактот дека корените на најпознатиот американски мафијаш на сите времиња, Ал Капоне, е во Хрватска. Во вените на човекот кој стана безвременски книжевен и филмски синоним за чикашки гангстер, макро, наплатувач на долгови, рекетар, шверцер на алкохол и масовен и крајно брутален убиец, наводно има прилично голем процент хрватска крв, што се чини дена е логично.

„Лицето со лузна“ своевремено му признало на таксистот Славко Дасовиќ, Загрепчанец кој го возел „кралот на гангстерите“ на последното судење, за даночно затајување, по што беше правосилно осуден, пишува Слободна Далмација.

Дасовиќ во една прилика им кажа на новинарите на белградскиот неделник Зум Репортер дека често зборувале на овие возења, кои на Ал Капоне му ги плаќал ФБИ. Капоне го прашал од каде е, а кога Дасовиќ одговорил дека неговиот роден град е во подножјето на Сљеме, Алфонсо Габриел наводно го шокирал кога открил дека неговата мајка е родена во Риека.

Оваа приказна веројатно би останала засекогаш во медиумскиот простор како “рекла казала”, пишува Слободна Далмација, ако врските на Ал Капоне со Риека не ги потврдила неговата правнука, Дидри Мари Капоне, во нејзината книга „Вујко Ал“. Внуката на постариот брат на Ал, реконструирајќи го своето потекло и семејно стебло, утврдила дека нејзината прабаба Тереза ​​е родена во некој друг град од тој кој е споменат во нејзините официјални документи. Во нејзината крштеница стои дека е родена во Ангрија, град во Кампанија, јужна Италија, но семејството, ова го реконструирало како фалсификат откако Ал Капоне, по смртта на неговиот брат Френк во мафијашка пресметка, одредено време во 1924 година, ја чувал неговата мајка во тајна куќа во Риека.

Постарите жители на Риека и денес ја нарекуваат оваа куќа Вила Капоне. Во меѓувреме таа стана државна резиденција, а подоцна списокот на гости се зголемувал. Имено, во неа одмараше моќниот врховен водач на југословенската УДБА Александар Ранковиќ. Во независна Хрватска, тука со години тајно летуваше семејството Туѓман, потоа сегашниот претседател Зоран Милановиќ додека беше премиер, а по него премиерот Тихомир Орешковиќ попознат како „Тим билдинг“, пишува Слободна Далмација.

Според весникот станува збор за прекрасен комплекс во Опатиска улица број 3, со приватен мало пристаниште и ѕидови кои го прават недостапен за очите на јавноста.

Некои хрватски медиуми своевремено се обидоа да ја реконструираат вмешаноста на Ал Капоне во изградбата на речкиот облакодер на крајот на Корзото, познатата палата Арбори. Зградата е изградена во 1939 година од Марко Арбори, повратник од Америка, кој се вратил во Италија во времето на Мусолини, откако претходно наводно бил сметководител на Капоне во САД. Исто така, се тврдеше дека најпознатиот облакодер во Риека бил изграден со парите на Ал Капоне од шверцот на алкохол за време на прохибицијата, но не се пронајдени егзактни докази ова, завршува Слободна Далмација.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!