Вие имате прво да ја знаете вистината

Нозе за чиста десетка, популарната пејачка облече мини фустан и блесна пред камерите (фото)

Пејачката Лејди Гага блесна во црн фустан, а ова гламурозно издание беше надополнето со црни салонки и очила.

Пејачката Лејди Гага е кралица на спектаклот во секој поглед, на сцената или на црвениот тепих. Нејзините секојдневни комбинации се исто така приказна за себе и на екстравагантноста и нема крај.

Исто така, оваа позната ѕвезда се истакнува и во вечерните комбинации, што неодамна го докажа кога гостуваше во шоуто со Џими Кимел.

Пејачката се одлучи за краток топ фустан од дизајнерката K. Sirian, кој има интересна наметка изработена од тул и специјално плисиран дел.

Иако на некои им се чинеше дека фустанот е прекраток и едвај ја покрива нејзината позадина, Гага сепак ги воодушеви модните критичари кои нејзиниот стајлинг го оценија како елегантен и шик.

Да потсетиме, магазинот People ја прогласи Лејди Гага за најдобро облечена личност во 2021 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!