Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова се 9-те најскапи фустани на сите времиња, цените се “боли глава” (фото)

Носењето нешто уникатно често значи дека ќе имаат поскапа етикета, но некои од фустаните што ги носат кралските невести и филмските ѕвезди имаат неочекувано вртоглави цени. Ниту еден од нив не остана незабележан, а кои се некои од најскапите фустани на сите времиња, дознајте во продолжение.

Венчаница Меган Маркл – Живанши

На својата венчавка Меган Маркл носеше венчаница од Живанши по нарачка, која чинеше 265.000 долари, пренесува Венити Феир.

Венчаница Кејт Мидлтон –   Александар Меквин

Кралските венчавки го привлекуваат вниманието на светската јавност, што бара венчаници да се паметат – а онаа дизајнирана за Кејт Мидлтон од Сара Бартон за Александар Меквин чинела околу 400.000 долари, пренесува Год Хаускипинг.

Венчаница Амал Клуни – Оскар де ла Рента

Раскошната венчаница за Амал Клуни е дизајнирана од Оскар де ла Рента и чинела неверојатни 380.000 фунти, според Марие Клеир.

Венчаница на Грејс Кели

За венчаницата на Грејс Кели, филмското студио Метро-Голдвин-Мајер во 1950-тите платило околу 60.000 долари, што би било околу половина милион долари во денешната противвредност.

Никол Кидман во фустан на Џон Галијано за Диор

На Никол Кидман, наводно, и била платена 2 милиони долари за носење на овој жолт вез фустан на Џон Галијано за Диор на Оскарите во 1997 година, пренесува Маир Клеир.

Џенифер Лоренс на Диор на Оскарите

Уште една креација на Диор блесна на црвениот тепих на Оскарите и носеше незамислива етикета: фустанот дизајниран за Диор од Раф Симонс беше облечена на Оскарите во 2013 година од Џенифер Лоренс и чинеше неверојатни четири милиони долари.

Некои од најскапите фустани беа и оние продадени на аукции:

Одри Хепберн – Живанши

Фустанот на Живанши што Одри Хепберн го носеше во филмот „Бракфаст кај Тифани“ е продаден на аукција за речиси милион долари, поточно, 923 илјади!

 Џули Ендрјус – Звукот на музиката

Едноставениот фустан што Џули Ендрјус го носеше во филмот Саунд оф Мјузик е продаден за вртоглави 1,56 милиони долари на аукција!

Мерлин Монро – Седум години верност

Култната сцена од филмот Седум години верност е онаа во која славната актерка стои над отворот за вентилација, а лелеавиот плисиран бел фустан од Вилијам Травила кој е продаден на аукција за 5,6 милиони долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!