Вие имате прво да ја знаете вистината

Поднесена кривична пријава против непознато лице за фалсификување документ дека Новак Ѓоковиќ прележал корона

Врз основа на анализата на Милован Шуваков, поранешен помошник-министер за образование, поднесена е кривична пријава против неидентификувани лица за наводно фалсификување на резултатите од тестовите за корона на тенисерот Новак Ѓоковиќ, пишува српски Курир.

Иако нема докази дека резултатите од тестовите за Ковид на Новак Ѓоковиќ се фалсификувани, за што пишуваа некои медиуми, обвинителството ќе постапи по пријавата. Здравствената инспекција собира податоци за наредба на судот и обвинителството, кои потоа ќе ги предадат на МВР.

Шувлаков за „Новости“ негираше дека тој е подносител на таа кривична пријава.

Потсетуваме, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ претрпе вистинска тортура од австралиските власти поради тоа што не му го признаа медицинското ослободување од вакцинација, по што беше депортиран од Австралија каде требаше да игра на Австралија опен.

И покрај тоа што Ѓоковиќ ја достави целата потребна документација, австралиските власти го депортираа со изговор дека „ќе ги поддржи антивакцинските чувства“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!