Вие имате прво да ја знаете вистината

Портофино, елитна туристичка дестинација. Место каде летуваат богаташите (фото)

Портофино се смета за една од најпознатите туристички а воедно и најпопуларните дестинации на Лигурското Море. Медитеранската клима, терасите во многу ресторани и апартмани и погледот кој го одзема здивот, се само еден дел од богатиот пакет содржини на кои многумина не можат да одолеат.

Ова слатко мало место му дава можност на секој турист да проба како изгледа одмор кога сè е подредено само за ваше уживање. Хедонизмот е силно нагласен, па не е ни чудо што Портофино се смета за дестинација каде што доаѓаат повеќето богаташи.

Од 1950-тите, многу богати луѓе од Европа и пошироко го избраа Портофино за да избегаат од вревата и стресот кои се дел од секојдневието.

Портофино изобилува со бројни знаменитости вредни за гледање, на кои не останале имуни ниту оние кои доаѓаат од јавниот живот.

Малиот плоштад во центарот е главно место во кое се одвиваат многу настани и целиот социјален живот. Овде туристите и локалните жители можат да уживаат во големиот број продавници и ресторани.

Доколку сакате вистинска и совршена Италија со куќи во пастелни бои и романтична атмосфера, тогаш Портофино треба да биде на врвот на вашата листа. Ова е идеално место за уживање во релаксирачката атмосфера на Италија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!