Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин ќе испрати ракети на Куба!? Кремљ ниту демантира, нити потврдува: Дали е тоа рускиот одговор на кризата во Украина?

Рускиот претседател Владимир Путин има намера да испрати нуклеарни проектили на Куба како одговор на трупањето на трупи и оружје на НАТО во близина на границите на неговата земја.

Тој во понеделникот вечерта телефонски разговараше со кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел за „стратешка соработка“, а се верува дека двајцата лидери веќе се договориле за распоредување на руски стратешки ракети на карипскиот остров, на прагот на САД. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека претседателите на двете земји разговарале во понеделникот вечерта, кога тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина достигнаа врв со најавата на САД дека ќе испратат 50.000 војници на руските граници.

Владимир Путин и Мигел Дијаз-Канел ги усогласија ставовите за меѓународните прашања. Сите знаете дека односите меѓу Куба и Русија се традиционално пријателски, а усогласувањето на ставовите за меѓународните и регионалните прашања е исклучително важно за двете земји. Токму за тоа разговарале двајцата лидери – изјави Песков на прес-конференција во Москва.

Тој ниту потврди ниту демантираше дека Путин и Дијаз-Канел разговарале за воено-техничка соработка, но посочи дека не се зборува за повторно отворање на руските воени бази на Куба.

 Се разговараше за натамошната соработка и дејствување на двете земји на меѓународната сцена во согласност со стратешкото партнерство и традиционалното пријателство. Договорено е зајакнување на односите меѓу двете земји преку поинтензивни контакти на различни нивоа – рече Песков.

Аналитичарите велат дека овој пат Путин би можел да испрати свои подморници со крстосувачки ракети на Куба, па дури и бродови со хиперсонични ракети „циркон“. Во тој случај, нема да има потреба Русија повторно да ја отвори воената база на карипскиот остров, како што беше до почетокот на 1990-тите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!