Вие имате прво да ја знаете вистината

Три американски држави, го тужат Гугл поради следење на локацијата

Тексас, Индијана, државата Вашингтон и округот Колумбија поднесоа тужба против Гугл во понеделникот поради, како што ги нарекоа, измамнички практики за следење локација што ја нарушуваат приватноста на корисниците.

Гугл лажно ги наведе потрошувачите да веруваат дека менувањето на нивната сметка и поставките на уредот ќе им овозможи на клиентите да ја заштитат нивната приватност и да контролираат до кои лични информации може да пристапи компанијата, велат од канцеларијата на државниот обвинител Карл Рацин во Вашингтон.

Сепак, Гугл продолжува систематски да ги следи клиентите и да профитира од податоците на клиентите, се вели во соопштението, нарекувајќи ја практиката: Jасно кршење на приватноста на потрошувачите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!