ШОК ВО МОСКВА: Уапсен поранешен американски службеник во Русија – причината е шверц и поседување дрога!?
Руските органи на прогонот покренаа кривична постапка против поранешниот вработен во американската амбасада во Москва, Марк Вогел, под обвинение за шверц и поседување дрога, соопшти денеска руското Министерство за внатрешни работи.
– Американски државјанин (Марк Фогел) е уапсен и против него е покрената кривична постапка за прекршување на рускиот кривичен закон. Бидејќи осомничениот можел да се крие на територијата на амбасадата, градскиот суд во Химки го уапси – соопшти прес-службата на министерството, а пренесува руската агенција ТАС С.
По отворањето на кривичната постапка, полицијата извршила претрес во местото на живеење на осомничениот.
– Утврдено е дека неговата сопруга, која е пуштена, успеала да се ослободи од доказите што постоеле во станот – се додава во соопштението.