Вие имате прво да ја знаете вистината

Активистите повикуваат на дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг: „Кинеските власти вршат страшни злосторства“

Сојуз од 243 невладини организации и групи активисти за човекови права повикаа на дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг, само една недела пред нивниот почеток.

„Зимските олимписки игри во Пекинг ќе бидат отворени и покрај злосторствата против човештвото и другите сериозни прекршувања на човековите права извршени од кинеската влада“, се вели во заедничката изјава.

Групата ги повика владите на земјите-учеснички да се приклучат на дипломатскиот бојкот, а спортистите и патроните да не им даваат легитимитет на кинеските власти поради кршење на човековите права.

„Не е возможно Олимпијадата да биде „сила за добро“, како што тврди Меѓународниот олимписки комитет, се додека владата домаќин врши ужасни злосторства што го крши меѓународното право“, рече Софи Ричардсон, директорка на кинескиот огранок на Humans Rights Watch.

Групата го истакна владиниот третман кон етничките и верските малцинства и го истакна прогонството на активистите за човекови права, феминистките, адвокатите и новинарите од страна на Кина под власт на Си Џинпинг.

„Владата го протера некогаш живото граѓанско општество во Хонг Конг, ги прошири техниките на надзор значитенло, за да ги намали правата на изразување, здружување и мирно собирање и дозволува принудна работа со кршење на меѓународното право“, се вели во соопштението на групата.

Пекинг се најде на удар на странски критичари поради злоупотребата на Ујгурите и за нејзините акции во Хонг Конг. Неколку земји, меѓу кои САД, Велика Британија и Австралија, најавија дипломатски бојкот на игрите.

Но, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и рускиот претседател Владимир Путин се на списокот на високи претставници кои треба да присуствуваат на церемонијата на 4 февруари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!