Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден го предупреди украинскиот претседател: „Постојат добри шанси Русија да ве нападне во февруари“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека денес имал долг разговор со американскиот претседател Џо Бајден, а разговарале за заедничките активности за намалување на тензиите во односите со Русија.

Вашингтон ја поддржува Украина во кризата предизвикана од акумулацијата на руски воени трупи на нејзината граница, која Украинците ја сметаат за закана и нарушување на националната безбедност, додека Русија негира дека планира напад врз соседната земја.

„Разговаравме за дипломатските напори за намалување на тензиите и договоривме заеднички акции во иднина. Му се заблагодарив на претседателот Бајден за континуираната воена помош. Разговаравме и за можната финансиска помош за Украина“, објави украинскиот претседател преку Твитер.

Белата куќа издаде официјално соопштение во кое се наведува дека претседателот Џо Бајден во разговорите со својот украински колега ја повторил подготвеноста на Вашингтон за решителен одговор во случај Русија да ја нападне Украина.

Американскиот претседател го предупреди украинскиот лидер дека постои „огромна можност“ Русија да ја нападне Украина следниот месец, соопшти Белата куќа, пренесе Би-би-си. Русија ги негира таквите тврдења.

Во соопштението, исто така, се вели дека Бајден рече дека Соединетите Држави бараат начини да обезбедат дополнителна макроекономска поддршка за да и помогнат на економијата на Украина поради притисокот од трупањето руски војници во пограничната област.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!