Вие имате прво да ја знаете вистината

БИЗНИС НА РЕАЛ МАДРИД ВРЕДЕН 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА! НА БЕРНАБЕУ ДОАЃААТ СПАРС, КАУБОЈС, НО И ОГРОМНИ ПАРИ (Видео)

Шпанските медиуми откриваат вести кои се однесуваат за стадионот Сантијаго Бернабеу. Храмот на Реал треба да блесне во полн сјај оваа година, кога е завршена целата работа што се одвиваше од глобалната пандемија на коронавирус. Сензацијата лежи во тоа што американската компанија Леџендс, компанија која тесно се занимава со промоција на спортски настани, на Реал, според потпишаниот 25-годишен договор, ќе му дава 400 милиони евра годишно. Значи 10 милијарди за 25 години.

Така, Леџентс ќе му помогнат на Реал да ги организира сите настани што ќе се одржат на Бернабеу. Тоа ќе покрие се освен натпреварите на Реал. Што и да се случи на стадионот освен домашните натпревари на Реал, Американците ќе го комерцијализираат и, како што веќе знаат, ќе направат вистински спектакл. За тоа побараа 20 отсто од акциите во компанијата што стопанисува со стадионот, а тоа го добија со овој договор.

Шпанскиот магазин Воз-Попули понатаму во својата вест наведува дека фудбалската гордост на Мадрид ја дала организацијата на сите, грубо кажано, нефудбалски операции на стадионот на Леџендс, кој според нивните пресметки е прв во својот сектор и веќе има организирано различни настани во Мадрид. На Бернабеу веќе се планирани натпревари за женски фудбал и кошарка. Планирано е да играат Сан Антонио Спарс, бидејќи и Леџендс има удел во франшизата, а не е невозможно и Далас Каубојс, НФЛ тим да се појави во шпанската престолнина.

Ако не до крајот на оваа година, тогаш најдоцна во зима 2023 година, Сантијаго Бернабеу ќе биде целосно завршен, а штом ќе биде така, планот е на него да се одржуваат спортски и други настани 300 дена во годината. Целокупната операција на изградба или реновирање на стадионот е вредна околу 900 милиони евра.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!