Вие имате прво да ја знаете вистината

Бразилците мака мачат со короната, но и со жештините: Спас од температурите кои достигнуваат 40 ° C се бара на преполните плажи

Илјадници капачи, коктели и одбојка на плажа се сликите кои доминираат последниве денови во Ипанем, познатата плажа во Рио де Жанеиро. Југоисточен Бразил се справува со големи горештини и температури кои достигнуваат четириесет степени, па разладувањето на плажа ги спасува од топлотен удар.

Во исто време, земјата се бори со зголемен број случаи на инфекција со коронавирус, чијшто последен седумдневен просек е 20.717, а вкупно 69.776 луѓе починале како резултат на корона во Рио де Жанеиро.

„Постои ризик, знаеме дека вирусот сè уште е меѓу нас. Но, истото е кога одиме во супермаркет, во аптека, кога се возиме со јавен превоз. Така што треба да внимаваме на ист начин секаде“, рече Таис де Мело, дојдена да се освежи на познатата плажа.

„Не е важно“, додаде таа, „ние го почитуваме растојанието помеѓу шаторите и лежалките на плажата. А кога ќе влезам во вода, избираме место каде што има помалку луѓе, за да не си висиме врз глава“, вели 48-годишната готвачка.

Но, зголемениот број случаи не влијае на расположението на капачите. “Ние сме целосно смирени. Обично избираме место каде што има значително помалку капачи, но генерално, целосно сме смирени”, изјави 27-годишната дизајнерка, Луиза Силва.

Бразил беше една од најпогодените земји во пандемијата, со 24,8 милиони случаи, од кои 625.000 беа фатални. Поради огромните последици што ги остави таму делта варијантата на вирусот, пристапот до плажите во поголемиот дел од 2021 година беше целосно ограничен.

Досега со две дози се вакцинирани 70,4% од населението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!