Во салата на МВМ Доме во Будимпешта вечерва се одигра првиот полуфинален натпревар на Европското првенство во ракомет меѓу Шпанија и Данска.
На крајот селекцијата на Шпанија славеше со резултат 29:25, па Шпанците во финалето ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Франција и Шведска.
Во составот на Шпанија се истакна Алекс Гомез со 11 голови, додека во поразениот тим, Микел Хансен со осум гола.
Вечерва од 20:30 часот се игра втората полуфинална двојка Франција – Шведска.