Вие имате прво да ја знаете вистината

Маск почна да тестира мозочни чипови на луѓе: „Имплантот е многу безбеден и ќе излечи парализиран човек“! Било веќе тестирано на мајмуни!?

Neuralink, американска невротехнолошка компанија во сопственост на Илон Маск, почна да бара клучни вработени за спроведување клинички испитувања, што укажува дека наскоро ќе започне тестирање на нивните мозочни импланти на луѓе, пишува Guardian.

Neuralink објави огласи за работа за директори на клинички испитувања и координатори на клинички испитувања. Во огласите се наведува дека вработените тесно ќе соработуваат со некои од најиновативните лекари од оваа ера и врвни инженери, како и со првите учесници во клиничкото испитување Neuralink.

Маск, чие богатство вреди 256 милијарди долари, минатиот месец изјави дека е голем оптимист во врска со овие проекти и тврдеше дека имплантите можат „да им овозможат на парализираните да одат“.

Тој се надева дека Управата за храна и лекови на САД ќе ја одобри употребата на овие чипови.

  • „Мислам дека со Neuralink имаме шанса да го излечиме и да го направиме функционално телото на човек со оштетен ‘рбетен мозок. Успеавме да го постигнеме тоа кај мајмуните и заморчињата, а спроведуваме многу тестирања и потврдуваме дека имплантот е многу безбеден и сигурен и дека може безбедно да се отстрани“ – изјави Маск.

Меѓутоа, како што потсетува „Guardian“, овој мултимилијардер кој е на чело на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“ има долга историја на големи ветувања поврзани со Neuralink. Пред три години тој сметаше дека првите импланти во човечката глава ќе бидат вградени во 2020 година, а меѓу другото тврдеше и дека имплантите ќе се полнат безжично.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!