Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови 1.908 случаи со Ковид-19, 22 починати и 1.129 оздравени пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 5.834 тестови, а регистрирани се 1.908 нови случаи со КОВИД-19, 22 починати и 1.129 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од 1.908 новозаболени во Скопје се 972, Кавадарци 112, Куманово 111, Битола 105, Велес 62, Тетово 58, Прилеп 54, Неготино 46, Струмица 45, Охрид 43, Гостивар 34, Гевгелија 30, Штип 27, Кичево и Кочани по 24, Радовиш 22, Ресен 21, Валандово 17, Крива Паланка 16, Струга 15, Свети Николе 12, Берово и Богданци по 10, Делчево 9, Виница 5, Демир Капија и Пехчево по 4, Дебар, Пробиштип и Македонски Брод по 3, Кратово, Крушево и Македонска Каменица по 2 и Дојран 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.908), регистрирани се 254 реинфекции.

Од 22 починати пет се од Скопје (53г, 69г, 69г, 75г и 75г), по двајца од Битола (74г и 85г), Велес (68г и 93г), Куманово ( 78г и 82г ) и Свети Николе ( 52г и 78г) и по едно починат од Кавадарци (57г), Кичево (65г), Македонски Брод (60г), Неготино (73г), Охрид (65г), Прилеп (82г), Радовиш (81г), Ресен (63г) и Струга (83г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови..

Регистрирани сe 1.129 оздравени пациенти од: Скопје 77, Битола 61, Прилеп 52, Куманово 30, Охрид 26, Кочани 23, Тетово 18, Неготино и Гостивар по 17, Струмица 16, Кавадарци и Гевгелија по 14, Кичево, Ресен и Крива Паланка по 12, Струга и Делчево по 10, Велес и Штип по 9, Виница ,Кратово и Крушево по 8, Радовиш и Македонска Каменица по 7, Берово 4, Богданци , Македонски Брод и Демир Хисар по 3, Демир Капија и Пехчево по 2 и Валандово, Свети Николе , Дебар , Пробиштип и Дојран по 1.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени
се четири починати лица од: Делчево (2), Скопје (1) и Пробиштип (1) на возраст од 56г до 79г. Пријавените се починати во период од 04.01.2022 до 26.01.2022г. Од пријавените лица две се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), седум лица се целосно вакцинирани, а кај 19 се регистрирани коморбидитети.

Направени се 5.834 тестови преку: ИЈЗ-636, ЦЈЗ Скопје-85, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-105, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, лабораторија болница Козле-15, Институт за микробиологија–157, Жан Митрев (Филип Втори)-160, Авицена-214, Биотек-263, Систина-117, лабораторија Лаор-137, Синлаб-45, Ремедика-13, Плодност-72, Генеа-27, Никоб Лаб-683, ВФВ Медикал-100, Ели Медика-43, Ројал Медика–27, Спектра-ММ-45, Рапид Лаб–38, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–16, Рамус-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.609.

Досега во земјава се направени вкупно 1.773.325 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 265.101, бројот на оздравени пациенти е 239.581, на починати е 8.338, а на активни случаи изнесува 17.182.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!