Вие имате прво да ја знаете вистината

Олимп ги намами Кипарците: По снежната бура што го зафати регионот, тие моментално уживаат во идилата

На почетокот на неделата, источниот Медитеран го потресе снежно невреме, кое предизвика големи сообраќајни колапси и повремени прекини на електричната енергија во Турција и Грција.

Но, Кипарците беа пресреќни од големите количества снег, па се упатија кон Олимп!

Планината Олимп на Кипар, висока 1952 метри, е највисоката точка на планинскиот венец Тродос, кој има два ски-центри и пет ски-лифтови, погодни за повеќето зимски активности.

Иако најчести асоцијации за Кипар се сонцето и историските бисери на поранешните цивилизации, локалниот туристички одбор се обидува да ја открие својата интересна неоткриена понуда.

Масивот е познат по своите борови дрвја, многубројните манастири, но и богатството од минерали и бакар, како и непрекинатата површина офиолит.

Фотографиите од невообичаено големи количества снег во Грција, Турција, Сирија, Либан и Израел го обиколија светот, а снегот во Сахара беше особено впечатлив.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!