Вие имате прво да ја знаете вистината

Унгарскиот премиер Орбан ќе бара од Путин повеќе руски гас: „Ситуацијата е тешка“

Во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин следната недела, Унгарија ќе се обиде да се договори за поголемо снабдување со гас, изјави утрово премиерот Виктор Орбан.

Во август Унгарија потпиша нов долгорочен договор за снабдување со гас со руски „Газпром“, со кој се гарантира снабдување со 4,5 милијарди кубни метри гас годишно во следните 15 години, со можност за промена на договорениот обем на испорака по 10 години.

Договорот стапи на сила во октомври минатата година.

„Би сакал да се испорача повеќе гас… но тоа беше решено со руско-унгарскиот договор за гас“, изјави Орбан за државното радио во петокот.

„Во нашите разговори би сакал да се постигне, поради моменталната тешка ситуација, оптоварени со повисоките цени на енергијата… зголемена количината на гас што ќе ни е достапна на долг рок“, додаде унгарскиот премиер.

Резервите на гас на Унгарија на 15-ти јануари се надополнети за 43 отсто, според регулаторот за енергија , и со новиот увоз се очекува да продолжи да покрива 90 отсто од потребите за гас до крајот на зимата, соопшти MEKH.

Испораките на руски гас во Европа се доведени во прашање поради тензиите меѓу Русија и Украина. Киев тврди дека Русија подготвува инвазија, што Москва го негира. Западот и се закани на Русија со остри санкции доколку ја нападне соседната земја.

НАТО го засилува своето присуство во Источна Европа, а Унгарија е нивна членка, наведува Ројтерс.

Унгарскиот премиер ги отфрли повиците на здружената опозиција за бојкот на посетата на Москва, закажана за почетокот на следната недела, и рече дека со Путин ќе разговара за европската безбедност, додавајќи дека Унгарија сака мирно решение на украинската криза.

„Се разбира, Унгарија е членка на НАТО и ЕУ, така што пред секој таков состанок се консултирам и координирам со нашите западни сојузници“, рече Орбан, истакнувајќи дека ќе ги продолжи разговорите со западните лидери во наредните денови.

Министерството за одбрана не одговори на прашањето на Ројтерс, дали Унгарија ќе биде домаќин на дополнителни трупи на НАТО во наредните недели.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!