Вие имате прво да ја знаете вистината

Хорор на патот кон Минхен: Олимписката натпреварувачка со хеликоптер префрлена во болница, додека возачот загина во судирот (фото)

Бразилската нордијка Брунa Моура (27) остана без премиерно појавување на Зимските олимписки игри во Пекинг, откако доживеа сообраќајна несреќа на пат кон аеродромот во Минхен, објави во четвртокот порталот GloboEsporte .

По натпреварувањето во Италија, Моура патувала со автомобил за Минхен, а до несреќата дошло кога возачот при претекнување удрил во камион.

Во судирот загинал возачот, а Моура се здобилa со неколку повреди, меѓу кои скршеници на нозете, рацете, рамената и ребрата. Со хеликоптер билa пренесенa во болница во Болцано, Италија.

Седев на задното седиште врзана со појас, лекарите рекоа дека тоа ме спаси, рече Моура.

Спортската кариера Бразилката ја започна во планински велосипедизам, освојувајќи две титули во националниот шампионат. По тешката повреда таа се сврте кон скијање крос-кантри.

Таа требаше да настапи на нејзините први Зимски олимписки игри во Пекинг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!