Вие имате прво да ја знаете вистината

Наскоро телефонски разговор помеѓу Џонсон и Путин: Британскиот премиер ќе повика на дипломатија за да се избегне крвопролевање

Британскиот премиер Борис Џонсон сака да избегне „крвопролевање“ во Украина и ќе го повика рускиот претседател Владимир Путин „да се повлече и дипломатски да се ангажира“, изјави во петокот вечерта неименуван портпарол на британската влада.

„Премиерот е решен да ги забрза дипломатските напори и да го зајакне одвраќањето со цел да се избегне крвопролевање во Европа. Џонсон ќе ја повтори потребата Русија да се повлече и дипломатски да се ангажира“, рече портпаролот.

Покрај телефонскиот разговор со Путин, Џонсон наскоро ќе го посети и регионот во кој има тензии меѓу Украина и Русија, додаде портпаролот, без да наведе точно каде ќе биде британскиот премиер.

Русија распореди десетици илјади војници на границите на Украина во последните месеци, што предизвика страв од инвазија. Руската влада ги негира ваквите планови и инсистира на писмени гаранции за безбедноста на Русија, вклучително и ветување дека Украина нема да влезе во НАТО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!