Вие имате прво да ја знаете вистината

Не фрлајте пари на брз тест, направете ПЦР: Доктор објасни каде грешат луѓето и добиваат лажни негативни резултати

Не е невообичаено брзиот тест за корона да покаже лажно негативни резултати. И нашите и светските експерти велат дека ако наодот е позитивен – нема сомнеж, има инфекција. Меѓутоа, ако е негативен, не мора да е 100% точно. Руската докторка Надежда Чернишова објасни зошто се случува ова.

Таа напоменува дека најдобро е да не се пуши пред тестирање, бидејќи тутунот може да влијае на вистинитоста на резултатите. Таа откри и што е најдобро да се избегне кога одите на тестирање за да бидете сигурни дека примерокот нема да биде „контаминиран“ и да покаже точни резултати.

Според специјалистот, пред да го направите тестот, исклучително е важно да се не вршите какви било физички контакти врз назофаринксот, односно носниот дел од фаринксот, пишува Мондо.

Не треба да го плакнете носот со ништо пред тестот или да ставате капки. Вирусот обично не се открива кога некое лице претходно ставило капки или го исплакнало носниот дел од грлото со солена вода или морска вода. Во овој случај, вирусот може да биде механички „измиен“ или уништен – па тогаш тестот ќе биде негативен. Од истата причина, подобро е да не го дувате носот, вели докторот.

Докторот додаде дека поради чистотата на тестот, многу подобро е да се воздржите од пушење.

„Се случува на човек да му падне нешто во носот, да го намачка со маснотии или да го издува и да добие негативен тест, иако се присутни симптомите на корона“, заклучил докторот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!