Вие имате прво да ја знаете вистината

Приведени тројца крадци од Радовишко, фатени на дело 

Полициски службеници од Полициската станица Штип вчера ги лишиле од слобода Т.И.(21) од радовишкото село Подареш, Д.И.(20) и Т.Н.(22), двајцата од село Ињево, радовишко.

Во 22.45 часот на ул.„Широк дол“ во Штип, информираа денеска од МВР,  тие биле затекнати при вршење тешка кражба во обид во патничко моторно возило „опел астра“. На местото биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.

По комплетно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!