Вие имате прво да ја знаете вистината

Пукање во Визбегово, повредено едно лице

Во скопското село Визбегово синоќа едно лице пукало со огнено оружје кон кон четири лица при што со повреди во пределот на нозете се здобило едно лице, соопшти Министертвото за внатрешни работи.

– Синоќа во 20:30 часот е пријавено дека во село Визбегово, скопско, едно лице испукало со огнено оружје кон О.И.(36) од село Визбегово, Н.Љ.(27) од Скопје, В.Н.(40) од Куманово и Е.Р.(20) од Скопје. Со повреди во пределот на нозете се здобил Е.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, посочуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!