Вие имате прво да ја знаете вистината

Бурата Малик ја опустоши северна Европа: Уништени куќи и автомобили, прекини на струја, мртви

Силна зимска бура викендов ја погоди северна Европа – уби најмалку четири лица, уништи куќи и автомобили, затвори мостови и предизвика поплави, оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија.

Бурата Малик продолжи да напредува во нордискиот регион денес, носејќи силни налети на ветер, обилни врнежи од дожд и снег во Данска, Финска, Норвешка и Шведска.

Во јужните делови на Шведска илјадници домаќинства останаа без струја. Фериботите до островот Готланд во Балтичкото Море се откажани поради силните ветрови.

Тешки штети на куќи, автомобили и чамци се забележани и во Норвешка, додека обилните снежни врнежи низ Финска предизвикаа несреќи и го прекинаа автобускиот и железничкиот сообраќај во делови од земјата.

Шведската и данската метеоролошка служба предупредија на покачување на нивото на морето и процениле дека ветрот во текот на ноќта имал јачина на ураган.

Шведските сообраќајни власти препорачаа да не се патува за време на викендот поради паднатите дрвја и материјалот што го носи ветерот.

Во Данска, многу мостови беа затворени во саботата поради силните ветрови и обилните врнежи од дожд, вклучително и главниот пат и железничкиот мост Оресунд, кој ги поврзува Копенхаген и шведскиот град Малме. Поплавите предизвикаа значителна материјална штета и во Данска, а во полиција беа пријавени и неколку сообраќајни несреќи предизвикани од паѓање дрвја и летечки отпад. Данските медиуми пишуваат дека 78-годишна жена починала од тешки повреди откако силен ветер ја соборил на земја кога ја отворила вратата.

„Жената ја издувал ветрот, паднала и се здобила со повреди“, соопшти полицијата.

Во Малме, спасувачките служби ги советуваа граѓаните да го избегнуваат облакодерот „Turning Torso“ бидејќи е оштетен од невремето и делови од структурата може да се урнат.

Во јужните делови на Шведска илјадници домаќинства останаа без струја. Фериботите до островот Готланд во Балтичкото Море се откажани поради силните ветрови.

Тешки штети на куќи, автомобили и чамци се забележани и во Норвешка, додека обилните снежни врнежи низ Финска предизвикаа несреќи и го прекинаа автобускиот и железничкиот сообраќај во делови од земјата.

Истото невреме најпрвин ја погоди Велика Британија, особено Шкотска, каде предизвика големи материјални штети и сообраќајни проблеми, а потоа во саботата попладне се „пресели“ во северна Германија и нордискиот регион, пишуваат тамошните медиуми.

Момче и 60-годишна жена загинаа во саботата во Шкотска кога врз нив паднало дрво кое било соборено од силен ветер. Во делови на Шкотска се забележани удари на ветрови од 160 километри на час, предизвикувајќи целосен хаос во сообраќајот и оставајќи десетици илјади домови без струја.

Шкотската премиерка Никол Старџен предупреди дека уште една бура, која се очекува да го погоди регионот вечерва, би можела да биде „пожестока од очекуваното“.

Еден човек загина во саботата во Германија откако го удрил билборд кој се олабавил поради лошото време.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!