Вие имате прво да ја знаете вистината

Кличко: Ако почне руската агресија, јас како поранешен војник ќе земам митралез и ќе одам во војна!

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс во тешка категорија Виталиј Кличко во етерот на Украина 24 изјави дека активно ќе учествува во одбраната во случај на руски напад врз Украина.

„Ако започне воена агресија, ќе земам митралез како поранешен војник и ќе одам во војна“, рекол Кличко, а пренесува руската РИА Новости.

Претходно Кличко ја критикуваше одлуката на Германија да испрати 5.000 воени шлемови во Украина.

„Пет илјади шлемови – тоа мора да е шега. Што ќе ни испрати следно Германија како поддршка? Перници?“, револтирал Кличко.

Тој исто така рече дека меѓу Украинците преовладува „огромно разочарување“ бидејќи Германија не ги променила принципите на трговијата со оружје и не се откажала од проектот за гасоводот „Северен тек 2“.

Кличко рече и дека ако САД и Европа дозволат Путин да ја нападне Украина, Русија нема да застане тука, туку ќе гледа и како да им се закани на балтичките земји.

„Кога Путин зборува за неговата желба да ја врати советската империја, тоа ја вклучува поранешната ГДР. Затоа, заканата од војна против Украина треба да го вознемири секој Германец“, рече Кличко.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!