Вие имате прво да ја знаете вистината

Лавров: „Русија ќе побара од НАТО и ОБСЕ да кажат дали ќе ги исполнат безбедносните обврски“

Русија ќе побара од НАТО јасно да каже дали има намера да ги спроведе клучните безбедносни обврски, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, откако Москва рече дека одговорот на НАТО на руските барања не е доволен.

Русија ги принуди Организацијата за одбрана предводена од Соединетите држави и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која има 57 членки, да преговараат за регионалната безбедност, откако собра околу 100.000 војници во близина на Украина, иако негираат дека планираат инвазија.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека САД и НАТО не ги почитуваат главните безбедносни барања на Москва, но и дека Русија е подготвена да ги продолжи преговорите.

„Денеска, преку Министерството за надворешни работи, испраќаме официјално барање до нашите колеги во Алијансата и ОБСЕ, барајќи од нив да објаснат како имаат намера да ја спроведат својата заложба да не ја зајакнуваат нивната безбедност на сметка на другите. “, изјави Лавров на државната телевизија.

„Ако не планираат да го сторат тоа, тогаш нека објаснат зошто. Тоа ќе биде клучно прашање во одредувањето на нашите идни предлози, за кои ќе го известиме претседателот Владимир Путин“, рече Лавров.

„Русија ќе бара од Западот не само ветувања, туку и правно обврзувачки безбедносни гаранции „кои ќе обезбедат безбедност на целиот европски континент, со целосно и подеднакво почитување на легитимните интереси на Русија“, рече Лавров.

Русија бара НАТО да ги повлече своите сили и оружје од Источна Европа и да не дозволи Украина, поранешна советска држава, некогаш да стане членка на тој воен сојуз.

Вашингтон и неговите сојузници во НАТО ги отфрлаат барањата, но велат дека се подготвени да разговараат за други теми како што се контролата на оружјето и начините за градење доверба.

НАТО не планира да распореди борбени сили во Украина што не е членка на НАТО во случај на руска инвазија, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Не планираме да распоредиме борбени сили на НАТО во Украина (…) ние сме фокусирани на давање поддршка“, изјави Столтенберг за Би-Би-Си.

„Постои разлика помеѓу членството во НАТО и силен и високо почитуван партнер како Украина. Нема сомнеж во тоа.“, додате тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!