Вие имате прво да ја знаете вистината

Младите во Бугарија и Македонија делат исто секојдневие, решението е меѓусебна соработка

Ние сме блиски земји кои имаат плодна почва на соработка и кои може да се почитуваат едни со други, рече пратеничката на ЛДП Моника Зајкова на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“ која се одржа вчера во просториите на АУЕ-ФОН организирана во соработка со Renew Europe со идеја да се поттикне дебата за моменталната состојба помеѓу двете држави Република Македонија и Република Бугарија, една од позначајните работи се младинската и парламентарната соработка.

– Во нашето Собрание е формиран Клуб за младински прашања и политики што го нема во земјите од регионот или некои земји или парламенти се во фаза на формирање, во овој поглед бугарскиот парламент може да го искористи нашето искуство и да воспоставиме еден тип на размена на идеи и да им помогнеме да основаат нивни клуб за младински прашања и политики и повеќе да работиме во делот на она што им е потребно на младите а тоа генерално се однесува на образованието на студентската мобилност па и во делот на спортот кој често го занемаруваме, додава Зајкова.

Според Андреј Стојкоски член на управниот одбор на Национален младински совет на Македонија врсниците од Македонија и од Бугарија имаат многу заеднички работи и немаат никаква причина за да имаат негативни мислења, напротив треба да имаат соработка конкретно во случајов на развој на науката.

– Младите имаат многу можности за соработка, многу теми и причини кои што не поврзуваат како врсници од ист дел на Европа кои се соочуваат со исто секојдневие, пред се образованието и заштитата на животната средина, додава тој.

За претседателот на Сојузот на средношколци Лука Павичевиќ образованието е една од главните работи во кои што треба да се инвестира.

 – Не можам да се пофалам дека имаме остварено исклучителна соработка со нашето слично Здружение од Бугарија или некоја од соседните земји. Како иден историчар многу ме боли кога ќе видам како се настапува и во медиумите меѓутоа и од страна на државните институции по прашањето од историјата. Кажете ми дали имаме комисии што преговараат за биологија за хемија за физика или за било која друга природна или техничка наука?  Затоа двете влади имаат за задача комплетно да го реформираат моделот на образование, заклучува тој.

Според Павичевиќ образованието е тука да ги научи средношколците како да ја изучуваат историјата како да ги изучуваат сите други предмети во двете држави така кога тие веќе ќе се оспособат со потребните вештини за критичка евалуација на материјалот и да поставуваат прашања околу истиот нема да се доведуваат во ситуација да имаат предрасуди и население што не е запознаено доволно добро со историјата и што верува во митолошки наративи на конфликт и омраза меѓу двете земји.

Илхан Ќучук известувачот на ЕП за РС Македонија истакна дека бугарско-македонските односи немаат алтернатива за регионот и имаат голем потенцијал, не поради историјата или политиката, туку пред се затоа што луѓето, обичните луѓе, можат слободно да комуницираат и да се разбираат, без употреба на странски јазици и без посредници. И штом можете да разбереш некого, можеш и да го слушаш и да изградиш блиски односи засновани на заеднички аспирации за подобар живот, без граници, во Европската унија, еднаков на Германците, Французите и Шпанците.


– Затоа, оваа конференција од Renew Europe не е прва, ниту ќе биде последна. Ќе продолжиме да промовираме поблиски односи меѓу граѓаните на двете земји – младите, студентите, учениците, образованието, културата, заштитата од дискриминација, медиумите, локалната самоуправа. Важно е да се поттикне споделувањето искуства, идеи и проекти за соработка на локалните власти, најблиските до граѓаните, како и невладините организации од Северна Македонија и Бугарија. Токму затоа, преку 35 гости од Бугарија учествуваат заедно со нивните колеги од Северна Македонија за да се стимулира меѓудржавната и прекуграничната соработка со цел поголема социјална вклученост и развој, особено во подалечните области од главните градови. Од вашите идеи и предлози, би сакале да видиме поголема употреба на механизмите и фондовите за соработка на ЕУ, заклучи Ќучук.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!