Вие имате прво да ја знаете вистината

Обвинет за силување: Полицијата уапси фудбалер на Манчестер Јунајтед

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд е уапсен под обвинение за силување и физички напад, јавуваат англиските медиуми.

За потсетување, Хариет Робсон, поранешната девојка на ѕвездата на Јунајтед, на социјалните мрежи објави вознемирувачки видеа на кои го обвинува фудбалерот на „црвените ѓаволи“ дека жестоко ја претепал. На една од објавените фотографии напишала дека крвта и модринките се последица од физичкото насилство кое и го нанел Гринвуд.

Утрово се појавија информации дека младиот напаѓач може да биде обвинет за силување, а во текот на денот и официјално беше уапсен.

– Тој ќе остане во притвор додека не заврши распитот, стои во соопштението на локалната полиција, а пренесуваат англиските медиуми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!