Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин го „чисти“ интернетот: Се планира нов систем за „детоксикација“ на онлајн содржините

Рускиот претседател Владимир Путин и наредил на својата администрација сериозно да размисли за нов систем за забрана на „токсичните“ содржини на Интернет, пишува Ројтерс, но не наведе други детали.

Споменатиот нов систем, кој беше на списокот со претседателски наредби на веб-страницата на Кремљ, беше опишан како „саморегулиран регистар на токсични содржини“ што ќе се користи „за заштита на малолетниците“. Кремљ ќе го разгледа до 1 јуни.

Путин претходно навести планови за сузбивање на несаканите содржини на интернет и го обвини Интернетот за корумпирање млади луѓе и поттикнување улични протести кои руските власти ги опишаа како екстремистички.

Да потсетиме, Русија значително го зголеми притисокот врз странските технолошки компании минатата година со наметнување казни за нив, а една од нив, вредна речиси 100 милиони долари, беше насочена против Google поради „неуспехот да ја избришат забранетата содржина“.

Во декември минатата година, Путин го поддржа предлогот на член на неговиот совет за човекови права за воспоставување нов механизам за забрана на токсична содржина, на кој руските интернет платформи би се согласиле доколку им се даде поповластен третман од странските платформи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!