Вие имате прво да ја знаете вистината

САД со осуда за најновото лансирање проектил од Северна Кореја

САД го осудија најновото лансирање на севернокорејска ракета и го повикаа Пјонгјанг да се воздржи од понатамошни дестабилизирачки акти, соопшти денеска американската воена индо-пацифичка команда.

Во соопштението на Командата се вели дека тестот не претставувал непосредна закана за територијата на САД, персоналот или сојузниците.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин верува дека Северна Кореја направила чекор поблиску до откажување од самонаметнатиот мораториум за тестирање ракети со долг дострел, откако денеска беа пријавени сомневања за ракетен тест, соопшти неговиот кабинет.

Мун ја повика Северна Кореја да престане да создава тензии и да се врати на преговорите.

Ракетата истрелана од Северна Кореја денеска наутро била со среден дострел, соопшти јужнокорејскиот Генералштаб, јави ДПА. Ракетата поминала околу 800 километри во морето, се вели во соопштението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!