Вие имате прво да ја знаете вистината

Трамп е убеден дека ќе се врати во Белата куќа, а веќе ги најавува своите први потези: „Следува помилување“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави можност за помилување на некои напаѓачи на Капитол на 6 јануари 2021 година доколку победи на претседателските избори во 2024 година.

„Ако се кандидирам и победам, ќе бидеме фер кон оние од 6 јануари“, рече републиканскиот милијардер во саботата пред своите поддржувачи во Конро, Тексас.

„И ако бараат помилување, ќе ги помилуваме затоа што се третираат толку неправедно“, додаде тој.

Од 6 јануари 2021 година, повеќе од 725 луѓе, вклучително и членови на екстремно десничарската група „Горди момчиња“, „Чувари на заклетвата“ и „Три проценти“, беа уапсени и обвинети за учество во овој невиден напад во кој животот го загубија пет лица.

Пред милиони вчудоневидени гледачи ширум светот, поддржувачите на Трамп се обидоа да упаднат во седиштето на Конгресот, а некои успеаја во моментот кога беше потврдена победата на Џо Бајден на претседателските избори.

На 13 јануари, основачот на екстремно десничарската група „Чувари на заклетвата“, Стјуарт Родс (56) беше обвинет за „бунт“ заедно со уште десет членови на организацијата.

Во исто време, парламентарната комисија продолжува да работи на расветлување на настаните и утврдување на можната одговорност на Доналд Трамп и неговите соработници во тој напад.

Меѓу другото, комисијата за сведок ја повика и неговата ќерка Иванка Трамп.

Членовите на комисијата би сакале по секоја цена да ги донесат своите заклучоци пред среднорочните парламентарни избори (за помалку од една година), бидејќи републиканците би можеле да ја вратат контролата врз Домот и да ја поништат нивната досегашна работа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!