Вие имате прво да ја знаете вистината

“Хрватска не беше ослободена од НАТО. Не можат од нас да бараат да одиме на колење како овца”, Зоран Милановиќ повторно им “пикна прст во око” на Украинците!?

Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, во сабота беше во Сисак, каде што го следеше натпреварот во хокеј на мраз меѓу клубот за хокеј на мраз Сисак и младинскиот хокеј клуб Блед, јавува Телевизија N1. Пред натпреварот тој ја коментираше неговата изјава и реакциите околу тоа дека хрватските војници нема да војуваат во Ukraina.

Тој рече дека не е изненаден што никој не рекол дека е во право за Украина. Кој прв коментираше? (Тонино) Пицuла? Тој е како нешто многу битен? Тој седи во Брисел и зема плата од 9.000 евра, а јас го испратив таму, изјави Милановиќ.

„Ние имавме биполарна политика и во времето на Колинда Грабар-Китаровиќ таа се сликаше со (Владимир) Путин , а Пленковиќ одеше во Киев и провоцираше. Пред некој ден, овој мутав министер за надворешни работи ( Гордан Грлиќ Радман ) отиде во Москва. Што прави тој во Москва во моментов? Човекот отишол таму и официјално му предал покана на Путин да дојде во Хрватска. Дали е тој претседател на државата? Дали тој зборува во мое име? Не зборува. Тие истите Руси кои ги стигматизираш и им се закануваш… Целосно лицемерно е да ги повикувате да дојдат во Загреб, рече хрватскиот претседател и додаде дека никој не го напаѓа.

Тој ја коментираше и изјавата на европратеникот Томислав Сокол дека објавил лажна теза дека хрватските војници ќе одат во Украина: Лажната теза ја објави Јутарњи лист. Факт е дека јас се зезнав со тој Сокол, тој е обичен “жолтоклунец” а не сокол. Што е тоа? Тоа е вознемирување на јавноста. Дека Хрватска ќе испрати 1.500 војници? Јас не реков дека НАТО тоа го бараше, туку превентивно реков дека Хрватска нема да испрати никого во Украина. Господинот Сокол нема поим за што зборува, ниту слуша што зборувам.

Тој нагласи и дека за политиката е многу лошо луѓе без искуство да одат во Европскиот парламент на прво работно место.

Ова е хрватска држава, не е нормално некому да се ветува безусловно. Ќе видиме што ќе се случи ако работата се влоши, а ние не го сториме тоа, нашиот народ нема да ризикува. Јас ќе одлучам за тоа или двотретинско мнозинство, а тоа нема да се обезбеди затоа што луѓето имаат мозок во главата и имаат чувство за оваа држава наспроти ХДЗ која само краде. Ќе повторам, од Хрватска се уште никој ништо не побарал, а ако бара нека не доаѓаа затоа што хрватската војска нема да оди таму. Ако работите се искомплицираат, нема да одат никаде, ќе бидат во Косово и Хрватска затоа што Хрватска плати превисока цена. Никој посериозно не и помогна на Хрватска да се бори за своето, Хрватска не ја ослободи НАТО, туку хрватските војници со два-три авиони и копнени сили. Хрватска не должи никому ништо од неа да се бара да биде овца што оди на колективно колење, рече Милановиќ и додаде: На моите напаѓачи им испраќам голем бакнеж и нека одат тие во Украина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!