Вие имате прво да ја знаете вистината

Шведските ракометари ја освоија европската титула

Ракометарите на Шведска и Шпанија вечерва во салата МВМ Доме во Будимпешта го одиграа финалето на Европското првенство во ракомет.

Со резултат 27:26, Швеѓаните вечерва беа подобар ривал од „Фуријата“ и со тоа ја освоија титулата европски првак.

Во финалето се одигра прилично неизвесен натпревар, а ниту еден тим не можеше да биде премногу резултатски одвоен, па влегоа во драматично финале, во кое Швеѓаните имаа посилни нерви и на крајот славеа над претходниот европски првак.

Практично на самиот крај беше досуден седмерец за фаул над Лагергрен. Екберг ја зеде топката и погоди за триумф.

Кај Шведска со по пет гола се истакнаа Оскар Бергендал и Никлас, а најефикасни со по шест погодоци беа Адриа Фигуерас и Алеикс Гомез.

Шведска и понатаму го држи рекордот како земја со најмногу златни медали на ЕП, со пет злата, по вечерашната победа.

Претходните титули ги освоија во 1994, 1996, 1998 и 2000 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!