Вие имате прво да ја знаете вистината

Анкета: Популарноста на премиерот на Австралија најниска од 2020 година

Популарноста на австралискиот премиер Скот Морисон падна на најниско ниво од 2020 година, само неколку месеци пред изборите, покажува најново истражување на јавното мислење.

Истражувањето на весникот „Аустралијан“ покажува дека поддршката за Морисон во јануари паднала за пет процентни поени на 39 отсто, што е најлош резултат во последните две години.

Анкетата, исто така, покажува дека поддршката за владејачката конзервативна партија на Морисон паднала на најниско ниво откако стана премиер во 2018 година.

Причина за тоа е пред сè незадоволството на Австралијците од начинот на кој Владата се бореше против ширењето на варијантата омикрон на коронавирусот.

Морисон уживаше најголема популарност кога ги затвори границите на Австралија и им понуди финансиска помош на загрозените поради карантинот, што придонесе за брзо сузбивање на коронавирусот.

Меѓутоа Австралија сега се бори со многу заразниот сој омикрон, болниците се пренатрупани, а недостигот во супермаркетите се забележливи поради прекините на синџирот на снабдување.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!