Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали го очекувавте ова од Надал? Ѓоковиќ и Федерер му пратија пораки, а одговорот на Шпанецот долго ќе се раскажува (видео)

Се огласи шампионот на Австралија опен.

Новак Ѓоковиќ преку социјалните мрежи му честиташе на Рафаел Надал за победата на Австралија опен. Роџер Федерер се огласи исто така откако Шпанецот прв од „големата тројка“ на светскиот тенис стигна до 21. Грен слем трофеј.

Ден по големата победа над Данил Медведев, Надал јавно им одговори на најголемите ривали со кои се бори речиси две децении.

– Секогаш сме се почитувале. Ние го разбираме ривалството на позитивен начин. Добив многу пораки, извинете што не можев да одговорам на сите. Се чувствувам горд на тоа како се однесувавме во текот на нашите кариери. На крајот на краиштата, тоа е само игра. Успеавме да постигнеме повеќе отколку што сонувавме кога бевме деца. На крајот, нема да биде важно дали имате еден слем повеќе од другите или дали некој ќе заврши со 23, а некој со 21. Верувам дека направивме многу важни работи за нашиот спорт, го остваривме нашиот сон и уживаме во тоа. Среќен сум што сум дел од оваа ера која е посебна за тенисот – истакна Надал.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!