Вие имате прво да ја знаете вистината

За Турција нема корона: Ја посетиле повеќе од 30 милиони туристи во 2021 година

Во текот на изминатата година Турција беше домаќин на 30.038.961 посетители, што е за 88,08 отсто повеќе од 2020 година, пишува Анадолија.

Турското Министерство за култура и туризам соопшти дека бројот на странски посетители минатата година е зголемен за 94,06 отсто во однос на 2020 година.

Русија е земјата од која најмногу туристи доаѓаат во Турција. Во текот на 2021 година, Турција беше домаќин на 4.694.422 посетители од Русија, што е за 120,52 отсто повеќе од претходната година.

Турција лани прими 3.085.215 посетители од Германија, што е за 175,73 отсто повеќе од претходната година и 2.060.008 посетители од Украина, што е за 106,49 отсто повеќе. Следуваат Бугарија и Иран по бројот на посетители во Турција минатата година.

Само во декември минатата година Турција беше домаќин на 1.892.520 странски посетители, што е за 170,62 отсто повеќе од декември 2020 година. Декември има најголем број посети од Бугарија, Германија, Иран и Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!